SPINTEC 551 UH – Спремен за употреба и лесен за одржување апарат за полирање

SPINTEC 551 UH Ви дава одлична снага без оглед на малиот профил!

Идеалниот баланс и големите тркала го прават пренесувањето на машината лесно и без напор за Вас.

Nilfix-ALTO SPINTEC 551 UH машината за полирање е машина со ременски погон од 1500 обрти во минута. Оваа машина Ви нуди подобрена ергономија во ракувањето, балансот, и преносот, така што се додадени посебни карактеристики како: мек стисок, кука за кабелот, држач за приклучокот, кус осигурувач, подолг кабел (15 м) , вообичаени приклучни делови, и подобрена сервисност.

SPINTEC 551UH идеално е погоден за дневно чистење во болници, хотели, продавници на мало, и за фирми за чистење по договор. Ви обезбедува голема сигурност благодарение на сигурносното копче, безбедносен прекинувач и кабел со голема видливост.
Со SPINTEC 551 не добивате само модерен дизајн, туку ја потврдува моќноста, истрајноста и лесното чистење. SPINTEC 551 UH ви нуди комплетна и безгрижна машина.

Дополнителни карактеристики:

  • Рапава челична цевка и конструкција отпорна на удари и чукнувања без кршење
  • Кука за кабел, при што кабелот лесно се намотува на машината
  • Исфрлен винил браник кој ги заштитува препреките и машината од оштетувања
  • Спремна за употреба
  • Лесна за користење
  • Не е потребно одржување
  • Тивко работи
  • Работи на приклучок за електрична струја
  • Издржлива

SPINTEC 443 – Диск машина за полирање – за ефикасно секојдневно чистење на Вашите подови!

SPINTEC 433 Ви ја нуди оваа диск машина за полирање, која ќе Ви помогне да ги исчистите лесно и ефикасно Вашите подови, истовремено нудејќи Ви долготрајност со минимално сервисирање.

Екстремно сестрана, за лесно користење, секојдневно чистење или големо оптеретување – изборот е Ваш!

Spintec 443 range е диск машина за полирање, која нуди професионално одржување во должностите на чистење кај разновидни типови на подови: бетонски и обложени подови, подови поплочени со камен или керамика, плочки, ПВЦ и линолеум, дрво и ќилими. Всушност, секој вид на под.

SPINTEC 443 нуди модели со избор на мала брзина, голема брзина и двојна брзина, а тоа овозможува ефикасно четкање, гребење , полирање и чистење со спреј – за подолготрајни и поубави цврсти подови.
Чист и сјаен под е еден од најодлучувачките критериуми за купувачите.

SPINTEC 443 е идеален за чистење во: училишта и институции, продавници и продавници на мало, болници, хотели, а меѓу другото и градежни објекти.

Дополнителни карактеристики:

  • Офсет мотор за поголема стабилност, машината може да чисти под мебел и радијатори.
  • Рапава челична цевка и рамка отпорни на удари и чукнувања без кршење
  • Кука за кабел, при што кабелот лесно може да се замота на машината
  • Исфрлен винил браник кој ја заштитува машината и пречките од оштетување
  • Спремна за употреба
  • Лесна за работење
  • Не треба да се одржува
  • Тивка при работа
  • Работи на струја
  • Издржлива

SPINTEC 443 1

Чисти, светнати подови со Eco BrilliancePads и чиста вода

Комбинацијата на Нилфиск-АЛТО со Eco Brilliance Pads и чиста вода дава одлични резултати на чистење

Eco Brilliance имаат покрута влошка за подобра издржливост. Eco Brilliance примарно е изработен за меки камења или бетонски подови, но исто така ќе даде одлични резултати на други типови на подови и полирани површини како што е мермер, терацо, гранит, пластика и линолеум.

Обновува, чисти и светнува

  • vest eco brilliance pads 1ЧЕКОР 1 – ЦРВЕНА
    Користете го овој филц за отстранување на стари и истрошени површини, остава мат финиш
  • vest eco brilliance pads 2ЧЕКОР 2 – СИНА
    Користете го овој филц за отстранување на грабнатини, пукнатини и нерамнини, остава мат финиш
  • vest eco brilliance pads 3ЧЕКОР 3 – ЖОЛТА
    Филц за секојдневно чистење со отстранување на нечистотија и гребнатини, остава сатенска површина која е лесно да се одржува чиста
  • vest eco brilliance pads 4ЧЕКОР 4 – ЗЕЛЕНА
    Филц за секојдневно чистење со отстранување на нечистотија и гребнатини, остава сјајна површина. Суво-чистење со користење на машина со голема брзина за високо-сјаен финиш, зависно од типот на подната подлога.

Eco Brilliance асортиман

  • Секојдневно чистење без детергенти
  • Ги светнува подните подлоги до посакуваниот сјај
  • Обновува стари и истрошени подови и го обновува сјајот
  • Можат да се користат влажни или суви со брзина од 150 до 1,800 вртежи во минута и нудат многу помазен, почист засек одошто традиционалните филцови

СПЕЦИЈАЛЕН САЕМСКИ ПОПУСТ

Искористете го специјалниот саемски попуст од 5 – 7% на целата гама на производи, само на Технома 2011!

И оваа година, досегашниот специјален саемски попуст, заедно со другите поволности Ви го овозможуваме за време на саемот Технома 2011, 18-21 октомври.

Изборот е ваш, Ве очекуваме!

SCRUBTEC R 4 / SCRUBTEC BOOST R 4 – идеална машина за секојдневно чистење

Машината SCRUBTEC R 4 е погодна за разни типови на површини, простори и примени – и ги задоволува скоро сите очекувања на купувачот.

Оваа нова платформа е една од најсестраните платформи во нашиот асортиман и застапува единствени карактеристики кои никогаш претходно не се видени.
SCRUBTEC R 4 е најмалата возна машина за полирање и сушење во асортиманот на Нилфиск-АЛТО. Многу е конкурентна благодарение на цената, ергономиката, изведбата, иновациајта, карактеристиките и доверливоста – сето тоа без загрозување на изведбата на чистење.
Нејзината екстремна компактност гарантира лесен пристап до пренатрупаните површини. Целта покрај воведувањето на SCRUBTEC R 4 е да се создаде машина која ќе се смета за револуционерно нова и вистински репер на пазарот.

Главни карактеристики:

  • Доверлива и добро тестирана со користење на многу познати основни компоненти.
  • Иновативен концепт за чистење со платформа, сосема нов и патентиран за машина за чистење со возење.
  • Ергономично седиште и лесно разбирлива контролна табла.
  • Многу безбедна благодарение на контролата на влечење (патентирана). Овие функции автоматски ја намалуваат брзината при вртење или возење на рампа (без навалување).
  • Ефикасен познат систем на држач на четка, чисти на нерамни подови.
  • Регулатор на брзината на чистење сместен на контролната плоча.
  • Ниско ниво на бучава со дополнителен “Low noise mode”(„Режим на работа со ниска бучава‘) кое може да се редуцира уште повеќе за чистење на простори чувствителни на бучава.

SCRUBTEC R4 1

POSEIDON 2 – идеален високопритисен апарат за секојдневните работни задачи

POSEIDON 2 линијата е наменета за ниско интензивна употреба и рутински полу-професионални работни задачи

Компактните POSEIDON 2 апарати нудат совршени перформанси, опремени се со професионална опрема и нудат лесно складирање и ракување.

vest-12_1

Овие апарати претставуваат комбинација од високи перформанси за зголемена ефикасност, непобедлива ергономија и издржливост при секојдневното ниско интензивно, рутинско чистење на простори.

POSEIDON 2 е дизајниран за секојдневна полу-професионална употреба и главно се употребува од страна на трговци, на малите градежни објекти, во мали гаражи и сервиси. Типичната група клиенти се карактеризира со потребата од компактна машина, лесна за складирање и движење.

Сите модели се опремени со професионална Ergo опрема, како наградуваниот Ergo 2000 пиштол, карактеристичен поради најмалата потребна сила за активација и ракување на пазарот, заедно со професионалните Ergo Plus цевки.

Линијата POSEIDON 2 вклучува еден стандарден модел, како и два модели со котур, додатно црево и две цевки.

Главните карактеристики на овој апарат опфаќаат:

  • Пумпа со автоматско вклучување/исклучување
  • Бакарна цилиндрична глава
  • Пумпа со 3 клипови (од не’рѓосувачки челик, керамички обложени)
  • Ergo 2000 Пиштол
  • Ergo Plus цевки со додатоци
  • Регулација за проток на вода
  • Вбризгувач на хемикалии
  • Резервоар за хемикалии
  • Лесен за складирање и маневрирање

SALTIX 10 – Долготрајна, лесна и наклонета кон корисникот смукалка

Сосема е во ред да се оценува SALTIX 10 според нејзините карактеристики

SALTIX 10 е основна, добро-конструирана, целосно доверлива смукалка – одлично решение за едно искуство на ефикасно чистење

SALTIX 10 е идеална за чистење на хотели, канцеларии, продавници или слични лесни до средно-тешки примени. Звучниот притисок од само 50 дБ (А), ја прави оваа смукалка погодна за чистење на простории чувствителни на звук преку ден бидејќи создава минимално вознемирување за луѓето кои се наоѓаат во близината на чистењето.

Моќниот мотор и млазницата со висок квалитет обезбедуваат супериорна ефикасност, а истрајниот дизајн обезбедува машината да биде доверлива секојдневно. Многу високиот капацитет на полнење на SALTIX 10 значи помалку време поминато во менување на вреќичките за прав, а малата тежина ја прави лесна за движење од едно до друго место.

За да обезбедиме лесна употреба на SALTIX 10, вклучени се додатоци, место за чување на електричниот кабел и чување на алатки. Исто така, една ергономска рачка му овозможува на операторот да ја носи целата смукалка во една рака.

Главни карактеристики:

  • Ниско ниво на звучен притисок од само 50 дБ (А) ја прави оваа смукалка да биде идеална за чистење преку ден
  • Тежина од само 5.2 кг. која овозможува движење без напор
  • Голем 10 летарски контејнер со вреќа за прав од 8 литри нето полнење
  • Одделен портокалов кабел
  • Лесна алуминиумска цевка

vesti 2014 saltix 10 1

EcoPads = почисти подови за позелен свет

EcoPads – го прават светот позелено место. Филтерот од полиестер во нашите падсови доаѓа од потрошувачкиот и индустриски рециклиран отпад

Nilfisk-Advance воведува нови Eco падс, кои се произведени од 100% рециклиран синтетички материјал со влакна (полиестер).

Примарниот извор на овие материјали е рециклирана сода и шишиња од вода.
Не само што овие нови падсови се компатибилни со „зелениот тренд“ во нашата индустрија, но излегоа и со конкурентни цени, со цел да:

  • Го покажеме нашиот труд кон континуирано подобрување во сите области на бизнисот
  • Да го прикажеме подобро разбирањето на потребите на клиентите и да ги задоволиме нивните очекувања
  • Да дадеме алтернатива према падсовите со висок квалитет/висока цена и оттаму да ја прошириме нашата понуда
  • Бидеме повеќе конкурентни во секторот за падсови и да помогнеме за зајакнување на лојалноста на клиентите
  • Да овозможиме поддршка кон продажбата на нашите машини

 

  • vest-11_2Син – пад за чистење
    Сината подлога е направена од влакна од полиестер и е специјално дизајнирана за средно влажно триење или чистење со распрскување. Се користи со неутрално средство за чистење на подови за отстранување на засушени подни слоеви. Овој производ, исто така се употребува за рибање на цврсти површини како бетон, заедно со соодветни хемикалии. Идеална за употреба кај машини со брзина од 350 РПМ.
  • vest-11_3Кафен – пад за чистење
    Создадена од влакна од полиестер, кафената подлога заедно со соодветно средство се користи за отстранување на изабени и оштетени подни слоеви. Се употребува на стандардни електрични и автоматски апарати за подови. Идеална за употреба кај машини со брзина од 350 РПМ.
  • vest-11_4Црн – пад за чистење
    Создадена од влакна од полиестер, црната подлога заедно со соодветно средство се користи за отстранување на изабени и оштетени подни слоеви. Се употребува на стандардни електрични и автоматски апарати за подови. Идеална за употреба кај машини со брзина од 350 РПМ.
  • vest-11_5Црвен – пад за полирање
    Се користи за лесно чистење и полирање. Отстранува ситни дамки и нечистотија, додека го остава подот сјаен. Се употребува на стандардни електрични, автоматски и орбитални апарати за подови. Идеална за употреба кај машини со брзина од 800 РПМ.
  • vest-11_6Розев – ултра брз пад за отстранување и полирање
    Создадена од влакна од полиестер, розевата подлога се користи за полирање на подови за висок сјај. Оваа подлога е создадена од специјален материјал кој овозможува ефикасно отстранување на црни дамки и обновување на сјајот со само едно поминување. Идеална за употреба кај машини со брзина од 3000 РПМ.
  • vest-11_7Бел – пад за совршено полирање
    Создадена од влакна од полиестер, белата подлога се користи за полирање на чисти, суви подови. Се употребува сува за создавање на висок сјај кај ново направени подови. Се користи кај стандардни електрични, автоматски и орбитални апарати за подови. Идеална за употреба кај машини со брзина од 1000 РПМ.

Пиштолот распрскувач награден за корисничка удобност

ERGO 2000 пиштолот распрскувач за високопритисни апарати штотуку се здоби со една од ценетите награди за дизајн поради неговото високо ниво на ергономија и позитивен ефект при корисничките услови на работа.

Пиштолот ERGO 2000 за високопритисни апарати е солидно позициониран како најергономично и удобно решение на пазарот. Освен модерниот и лесен за употреба дизајн, пиштолот ја редуцира потребната сила на раката или прстите за активација на чкрапалото. Колку повеќе сила се употребува, толку корисникот е поуморен и толку е поголем ризикот за повреда по долготрајна употреба.

Двоен позитивен ефект

Andrew Caddick, менаџер во групата, кажа: „Ние сме многу среќни за оваа награда и веруваме дека сме ја заслужиле. Нашите тимови за развој на производи секогаш обрнуваат посебно внимание на условите за работа на крајните потрошувачи. Веруваме дека тоа има двоен позитивен ефект, како за крајните корисници, така и за клиентите. Колку се полесни нашите апарати за употреба, толку повеќе време крајните корисници може да потрошат на фокусирана чистачка активност“.

Новиот дизајн удобно се прилагодува на раката. Големиот простор кај чкрапалото овозможува удобна употреба за луѓе со поголеми раце или за луѓе кои користат ракавици. Како додаток на основните карактеристики, Nilfisk-ALTO додаде потполно нов VarioPress регулатор. Овој мал чкрапец служи за прилагодување на притисокот/протокот со само еден прст – и е лесно пристаплив близу до главното чкрапало.

Новиот пиштол Ergo 2000 поставува ненадминливи стандарди во следните две области:

  • Смалување на силата за активација од 25% во однос на претходниот модел и 45% споредено со конкурентните модели
  • Смалување на силата за држење од 26% во однос на претходниот модел и 55% споредено со конкутентните модели