Нова генерација на високо притисни апарати – ПОСЕЈДОН 5, 6 и 7

Целта на овој нов асортиман е да Ви понуди севкупно намалување на трошоците за чистење, а новиот асортиман е проучуван да ги сведе на оптимум:

  • Практичноста и едноставноста: овој асортиман е интуитивен и лесен за користење, го намалува времето поминато во монтажа, подготвување или обука. Заштеденото време значи заштедени средства.
  • Ергономија и ракување: помалку напор е клучниот бенефит за Вас. Преносот и складирањето се оптимизирани за да се заштеди време и простор.
  • Јачина и издржливост: Индустрискиот квалитет на материјалот и стандардите значи дека овој нов асортиман е добро опремен за долгорочна употреба дури и во најтешки амбиентални услови.

За оптимално и лесно ракување

Пренесување

Новата линија POSEIDON е лесна за кревање благодарение на јасно дефинираните рачни места за подигање, намалувајќи го напорот за лесно утоварување во возило. Рачката што се свиткува го намалува потребниот простор за сместување или транспорт во возилото или работилницата. Вертикалната положба на рачката дава оптималеа рамнотежа за подигнување со дигалка.

Јачина и издржливост

POSEIDON 5,6 и 7 се вградени во 30 мм челична рамка, која допринесува за јачината и издржливоста на производот. Груб, а сепак лесен за маневрирање. Верзиите со излиени тркала ја зголемуваат подвижноста. Предницата на POSEIDON е заштитена со цврст пластичен браник.

Складирање

POSEIDON 5,6, и 7 се внимателно разработени такашто Ви нудат одлично ниво на можности за складирање на стандардната распрскувачка опрема за високо притисниот апарат.

Ви нудиме решенија:

Примена на детергент

Асортиманот на POSEIDON 5, 6 и 7 (со исклучок на POSEIDON 5-41, 5-53) се опремени со двосмерен усисен вентил за детергент, што Ви овозможува избор помеѓу два различни детергенти зависно од примената. На овој начин, можат лесно да се решат две различни задачи на чистење без да имате потреба да се вратите на местото за подготовка и да ги смените хемикалиите. Резервоарите од 2 х 2.5 л. Лесно се отстрануваат за празнење и полнење. Исто така лесно е да се види нивото на детергент кој останал во секој резервоар, со што му се овозможува на корисникот да го дополни детергентот пред да оди на работното место.

Оптимален концепт на сервисирање и одржување

Сите машини за перење под притисок бараат одредено ниво на одржување. Концептот на сервисирање на асортиманот POSEIDON 5,6 и 7 има за цел да го намали потребното време за да се изврши ова одржување – а со тоа и чинењето. Нивото на масло во пумпата може лесно да се види од надворешната страна на машината – покажувајќи дали пумпата содржи доволно масло пред употреба. Како додаток, моделите POSEIDON 6 и 7 се опремени со заштита од ниско ниво на масло во пумпата, со што се исклучува машината за перење под притисок ако нивото на пумпното масло е премногу ниско – со тоа се обезбедува долготрајност. Постои можност да се догради POSEIDON 5 со сигурносен систем во случај на ниско ниво на масло во пумпата.

vest poseidon567 1

POSEIDON 5 е Вашиот најсестран партнер – Секогаш можете да имате доверба во Вашиот POSEIDON 5

vest poseidon567 2Машините за перење POSEIDON 5 PA-FA се најсестрани партнери за клиенти за потребите во земјоделството, индустријата, градежништвото и автомобилската индустрија. Успеавме во комбинирањето на недостижното ниво на мобилност и леснотија во користењето со несоборлива снага, оптимален концепт на сервисност и одлични карактеристики на складирање. POSEIDON 5 е опремена со NA5 нишачка диск пумпа, 3 керамички клипа и зајакната месингана глава на пумпа за употреба од 4-5 часа дневно. Единицата на моторната пумпа е конструирана за поинтензивна употреба со 1450 рпм, со осигурано ниско ниво на бучава. Достапна е со активирање под притисок или преку проток на вода.

PA – Систем активиран со притисок. Постои можност за само- вшмукување. За оние од Вас кои сакаат исто ниво на јачина, квалитет и лесна употреба, нема ризик од стартување/стопирање на моторот во случај на истекување.

FA – Систем активиран со проток на вода. Нема можност за само-вшмукување. За оние од Вас со барања за поширока примена и потреба за транспорт. Дополнителен работен комфор, нема ризик од стартување/стопирање на моторот во случај на истекување.

POSEIDON 6 Ви дава перформанси, долготрајност и ергономија – Продуктивност од висока класа и ергономија во еден пакет

vest poseidon567 3Иновативен високо притисен апарат од премиум класата со ергономичен и робустен дизајн, нова индустриска пумпа NA6 и концепт за оптимален сервис. POSEIDON 6 FA индустриската класа на високо притисни апарати конечно ги спојуваат несовладивата истрајност, високите перформанси на чистење и оптималната ергономија со што добиваме издржлив високо притисен апарат соодветен за индустријата, земјоделството, бродарството, секторот за транспорт и прехранбена индустрија.

POSEIDON 6 е опремена со нова NA6 нишачка диск пумпа, 4 керамички клипа за интензивна употреба до над 5 часа дневно. Разработена со користење на индустриска конструкција (двојни валчести лежишта), NA6 пумпата е инспирирана од традиционалната C3 пумпа и нуди максимална влезна температура од 80 Ц степени , што значи дека POSEIDON 6 може да се полни со врела вода и да се користи како високопритисен апарат со топла вода, со што се намалува времето на чистење при многу примени. Исто така, моторот работи со 1450 рпм за долготрајна употреба и ниско ниво на бучава. Нејзиниот контролен систем се активира со проток и осигурува отсуство на притисок во опремата за распрскување и главата на пумпата за време на работните паузи – со што се подобрува работниот комфор, безбедноста и се избегнува прегорување на моторот во случај на истекување.

POSEIDON 7 е со обновен индустриски квалитет во ергономскиот дизајн – Ова е ултимативна индустриска пумпа

vest poseidon567 4Иновативна премиум класа на високо притисни апарати со ладна вода со ергономичен и цврст дизајн, обновена индустриска пумпа C3 и оптимален концепт на сервис. POSEIDON 7 FA индустриската класа на високопритисни апарати со ладна вода ги комбинира обновената издржливост и квалитет на пумпата C3 со оптималната ергономичност со што добиваме несовладив издржлив високо притисен апарат соодветен за индустријата, земјоделството, бродарството, транспортниот сектор и прехранбената индустрија.

POSEIDON 7 е секако опремен со обновена, индустриска класа на C3 пумпа, базирана на цврста 4 клипна пумпна конструкција, двојни валчести лежишта, контролен систем кој се активира со проток и мотор со 1450 рпм. Способна да прифати влез на вода до 85 Ц степени, пумпата C3 исто така е тестирана на терен со употреба на солена вода. Резултатот за Вас е подобра дистрибуција на работното оптеретување во пумпата, што го редуцира вибрирањето на машината и дава порамномерна изведба.