Пиштолот распрскувач награден за корисничка удобност

ERGO 2000 пиштолот распрскувач за високопритисни апарати штотуку се здоби со една од ценетите награди за дизајн поради неговото високо ниво на ергономија и позитивен ефект при корисничките услови на работа.

Пиштолот ERGO 2000 за високопритисни апарати е солидно позициониран како најергономично и удобно решение на пазарот. Освен модерниот и лесен за употреба дизајн, пиштолот ја редуцира потребната сила на раката или прстите за активација на чкрапалото. Колку повеќе сила се употребува, толку корисникот е поуморен и толку е поголем ризикот за повреда по долготрајна употреба.

Двоен позитивен ефект

Andrew Caddick, менаџер во групата, кажа: „Ние сме многу среќни за оваа награда и веруваме дека сме ја заслужиле. Нашите тимови за развој на производи секогаш обрнуваат посебно внимание на условите за работа на крајните потрошувачи. Веруваме дека тоа има двоен позитивен ефект, како за крајните корисници, така и за клиентите. Колку се полесни нашите апарати за употреба, толку повеќе време крајните корисници може да потрошат на фокусирана чистачка активност“.

Новиот дизајн удобно се прилагодува на раката. Големиот простор кај чкрапалото овозможува удобна употреба за луѓе со поголеми раце или за луѓе кои користат ракавици. Како додаток на основните карактеристики, Nilfisk-ALTO додаде потполно нов VarioPress регулатор. Овој мал чкрапец служи за прилагодување на притисокот/протокот со само еден прст – и е лесно пристаплив близу до главното чкрапало.

Новиот пиштол Ergo 2000 поставува ненадминливи стандарди во следните две области:

  • Смалување на силата за активација од 25% во однос на претходниот модел и 45% споредено со конкурентните модели
  • Смалување на силата за држење од 26% во однос на претходниот модел и 55% споредено со конкутентните модели