Кога сигурноста е најважна

Nilfisk-ALTO претставува нова линија на сигурносни смукалки

vest-4Оваа линија се состои од 12 смукалки, Attix 30, 40 и 50 сигурносни смукалки. Оваа нова платформа на апарати од –М и –Х класата, вклучува подобрени перформанси и согласност со најновите прописи за сигурносни смукалки.

Апаратите вклучуваат –М класа одобрување за опасен прав, означувајќи средно (Медиум) опасни услови на работа и –Х класа, високо опасни услови, како на пример смукање на азбест, каде правот е опасен за здравјето на работникот. Моделот -22 од оваа линија е одобрен за работа со запалива прав.

Различните модели поседуваат различен систем за чистење на филтерот, меѓу кои Push&Clean или XtremeClean филтер системот. Двата системи се создадени со цел да се оптимизира вшмукувањето на прав и оперативната ефикасност. Push&Clean системот одржува постојано вшмукување, го продолжува траењето на филтерот и заштедува трошоци, додека XtremeClean нуди високо ефикасен и лесен за активирање автоматски систем за чистење на филтерот.

Nilfisk-ALTO ја воведе оваа линија фокусирајќи се на зголемениот интерес за собирање на опасна прав, како и зголемениот пазар за професионални сигурносни смукалки. Овие смукалки имаат подобрени перформанси, специјализирани додатни делови, нов материјал за филтрација и нови сертификати за ефикасност на филтерот.