Грижа за околината

Менаџирањето на околината претставува одговорност за грижа кон природните ресурси и одговорно управување со нив за сегашните и следните генерации.

Нашите технологии овозможуваат квалитетно внатрешно и надворешно живеење, намалувајќи го лошиот ефект на чистењето врз надворешната средина. Наша цел е да постигнеме повеќе, но со помалку – симултано го подобруваме нашето однесување кон околината додека ги намалуваме трошоците. Тоа го правиме создавајќи технологии кои ја намалуваат употребата на хемикалии, енергија и вода – а сеуште овозможувајќи високо квалитетно чистење.

Оптималното рециклирање на производите започнува уште при концептот и дизајнот на производот. Нашите инженери го евалуираат еколошкиот ефект на производот преку целиот негов животен век и диктираат поголема употреба на рециклирачки материјали и план како тие ќе бидат преработени по употребата.

Nilfisk-Alto се посветува на:

  • Одржување на здрави внатрешни средини
  • Дизајнирање на продукти кои овозможуваат најниско влијание врз околната средина, како за време на употребата, така и по завршување на работниот век на производот
  • Практикуваме одговорен откуп на материјали користени за дизајн на нашите производи и операции
  • Производство на нашите производи преку процеси со најмало влијание врз околната средина
  • Едукација на нашите клиенти, партнери и индустријата за одржливите и одговорни практики за чистење