ВАП МАК ДООЕЛ е овластен сервисен партнер на Nilfisk (Wap) од 1993 год.
Кога станува збор за сервис и поддршка вие можете да сметате на најдоброто. Ние осигуруваме квалитетен сервис, поддршка и оригинални делови за вашата техника Nilfisk (Wap).
ВАП МАК извршува гаранциски сервис по стандардите на Nilfisk. Гаранциските услови се сообразени со општите услови и барања на производителот за гаранциско опслужување.
Нашиот персонал има долгогодишно искуство во сервисирањето на конкретната техника и често ги надградува своите квалификации преку курсевите за сервис спроведувани од Nilfisk.
Нудиме резервни делови со гарантиран квалитет и потекло при поволни цени и услови и извршуваме максимално брзo достава на истите.
За сите информации околу сервисот и други услуги контактирајте нѐ на 02 3119 022.