Секојдневно, низ светот, луѓето имаат потреба од чиста животна средина; чисти работни простории, институции, фабрики, болници, училишта, аеродроми, домови…
Со растот на глобалната популација и подобрувањето на животните стандарди се зголемува побарувачката за чистење и подобар квалитет на живот.
Погледнете го корпоративното видео на Nilfisk:
За ВАП МАК СКОПЈЕ
ВАП МАК, Скопје, формирана во 1993 година, е генерален застапник на компанијата Nilfisk, Данска, претходно позната како WAP.
ВАП МАК увезува, продава и сервисира апарати од палетата на Nilfisk, еден од светските најголеми снабдувачи на професионална опрема за чистење со продажни салони во повеќе од 100 земји во светот и 5500 вработени.
ВИЗИЈА
Визијата на ВАП МАК е
- да се развие во лидер на локалниот пазар на професионална опрема за чистење
- да ги снабди купувачите со иновативни производи со висока вредност
- да претставува атрактивна компанија за вработените
За Nilfisk
Nilfisk е формирана на основа на визијата за производство и продажба на производи со врвен квалитет низ светот. Повеќе од 100 години Nilfisk одговара на промените во потребите на пазарите и купувачите преку иновативни производи и решенија.
Седиштето на компанијата е во Данска, со производствени погони во Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Кина, Италија и Северна Америка, а е застапена во повеќе европски земји, Северна Америка и Азија.
Nilfisk произведува комерцијална и професионална опрема за одржување на хигиена и чистота во неколку сектори, и тоа:
- земјоделство
- домаќинство
- градежништво
- автоиндустрија
- прехрамбена индустрија
- јавни и комерцијални објекти,
- и др.
Нивната примена е неограничена. Може да се користат за суво и водено чистење на домови, јавни тоалети, канцеларии, магацини, ресторани, супермаркети, хотели, спортски комплекси, трговски центри, градилишта…
Оваа опрема служи за создавање и одржување на хигиенски услови во кругот во кој се извршуваат секојдневните и работните обврски.
Производите се продаваат под глобалните брендови Nilfisk и Viper.
Nilfisk низ бројки:
- 5500 вработени
- Вкупно нето продажба 918 мил. евра (2014)
- Продажни салони во повеќе од 100 земји
- Повеќе од 250 инженери посветени на развој на производи
- Развој на производи поддржан од 3% од вкупниот обрт
- 46 нови производи и варијации претставени во 2014
- Производствени погони во 10 земји низ светот
- Повеќе од 700 теренски вработени
- Дел од NKT Group
Мисија: