Практичен одговор за чистење на мали површини.
SCRUBTEC 233 претставува уникатна комбинација од компактен дизајн, ефикасно чистење и сушење. SCRUBTEC 233 нуди највисок притисок во неговата класа.
Дизајниран за чистење и сушење на подови во ограничени простори, овој апарат е наменет за употреба во ресторани, хотели, училишта, гаражи и секаде каде што вообичаено се употребува апарат со еден диск заедно со смукалка.
SCRUBTEC 233 поседува четки/падс со притисок до 18 кг за да се осигури ефикасно чистење. Понатака, двојната ламела овозможува смукање во двата правци, и нанапред и наназад.
Со додавање на специјални додатоци SCRUBTEC 233 може исто така да се користи и за чистење на тепих/тапацир во канцеларии/мебел/седишта во кола, итн.

SCRUBTEC 233 е наменет за употреба во:
- Мали супермаркети
- Кујни
- Бизнис центри
- Детски градинки
- Фаст фуд ресторани
- Спортски центри
- Училишта
- Сервиси за чистење
- Совршена стапка на продуктивност!


Овие компактни и разновидни единици се дизајнирани да ја пополнат празнината помеѓу апаратите со буткање и поголемите апарати со возење. Тие се достапни во 3 различни големини според можната површина за чистење – 61 цм, 66 цм и 71 цм, како и со променлива платформа за чистење. SCRUBTEC R3 линијата е наменета за полесни задачи каде што се најважни брзината и ниското ниво на бучавост.
