Nilfisk вашиот партнер за успех

Секојдневно, низ светот, луѓето имаат потреба од чиста животна средина; чисти работни простории, институции, фабрики, болници, училишта, аеродроми, домови…

Со растот на глобалната популација и подобрувањето на животните стандарди се зголемува побарувачката за чистење и подобар квалитет на живот.

Погледнете го корпоративното видео на Nilfisk:

За ВАП МАК СКОПЈЕ

ВАП МАК, Скопје, формирана во 1993 година, е генерален застапник на компанијата Nilfisk, Данска, претходно позната како WAP.

ВАП МАК увезува, продава и сервисира апарати од палетата на Nilfisk, еден од светските најголеми снабдувачи на професионална опрема за чистење со продажни салони во повеќе од 100 земји во светот и 5500 вработени.

ВИЗИЈА

Визијата на ВАП МАК е

  • да се развие во лидер на локалниот пазар на професионална опрема за чистење
  • да ги снабди купувачите со иновативни производи со висока вредност
  • да претставува атрактивна компанија за вработените

За Nilfisk

Nilfisk е формирана на основа на визијата за производство и продажба на производи со врвен квалитет низ светот. Повеќе од 100 години Nilfisk одговара на промените во потребите на пазарите и купувачите преку иновативни производи и решенија.

Седиштето на компанијата е во Данска, со производствени погони во Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Кина, Италија и Северна Америка, а е застапена во повеќе европски земји, Северна Америка и Азија.

Nilfisk произведува комерцијална и професионална опрема за одржување на хигиена и чистота во неколку сектори, и тоа:

  • земјоделство
  • домаќинство
  • градежништво
  • автоиндустрија
  • прехрамбена индустрија
  • јавни и комерцијални објекти,
  • и др.

Нивната примена е неограничена. Може да се користат за суво и водено чистење на домови, јавни тоалети, канцеларии, магацини, ресторани, супермаркети, хотели, спортски комплекси, трговски центри, градилишта…

Оваа опрема служи за создавање и одржување на хигиенски услови во кругот во кој се извршуваат секојдневните и работните обврски.

Производите се продаваат под глобалните брендови Nilfisk и Viper.

Nilfisk низ бројки:

  • 5500 вработени
  • Вкупно нето продажба 918 мил. евра (2014)
  • Продажни салони во повеќе од 100 земји
  • Повеќе од 250 инженери посветени на развој на производи
  • Развој на производи поддржан од 3% од вкупниот обрт
  • 46 нови производи и варијации претставени во 2014
  • Производствени погони во 10 земји низ светот
  • Повеќе од 700 теренски вработени
  • Дел од NKT Group

Мисија:

Misija