SCRUBTEC 343.2 – Максимална изведба на мал и удобен апарат

Апаратот SCRUBTEC 343.2 е мал, компактен апарат за чистење на подови со функционалност и можности какви што нудат многу поголемите апарати но сепак лесен за употреба и со лесна способност за маневрирање.

scrubtec 343 vast sl1

Поголема продуктивност благодарејќи на големиот притисок на четките и големиот капацитет на резервоарите.

SCRUBTEC 343.2 е 2.0 верзијата на популарниот SCRUBTEC 343, но обновен со последните и многу подобрените технологии во системите за смукање на нечистата вода, сигурност и перформанс. Обновениот SCRUBTEC 343.2 има подобрен комфор бидејќи новиот систем за подигнување на усисната гума е опериран со педала. Со SCRUBTEC 343.2 ќе ја имате најновата технологија на допир во Вашите раце во доверлив и продуктивен апарат со одлични перформанси, висока сигурност и ниски трошоци за сервис и одржување.

  • Ергономичен дизајн
  • Новиот, еко-пријателски електричен проток на вода од операторот придонесува за подобар комфор.
  • Лесен за транспортирање и складирање
  • Робустниот дизајн со намален ризик од оштетување ги намалува трошоците за сервис
  • Зголемено триење на подот по потреба, регулирано со копче
  • Двојното четкање без потрошувачка на вода ги зачувува трошоците и природата
  • Прилагодлив притисок на четката и триење зависно од работните услови
  • Брза и лесна проверка на нивото на водата во резервоарот преку проѕирно црево
  • Подигнување на усисната гума со погодна педала
  • Копче за регулација на палубата и на тркалата кое додава подобро триење и перформанси
  • Капакот на моторите за четка и вакуум ги заштитува електричните делови за сигурност и безбедност (само на кабелската верзија)
  • Жолто копче за сигурност
  • Достапна во батериска и кабелска верзија

Апаратот SCRUBEC 343.2 е продуктувниот избор за сите ваши потреби за чистење на подовите.

scrubtec 343 vast sl2

MAXXI II – Вашиот најдобар избор на стабилна смукалка за суво и мокро смукање

MAXXI II е платформа која ја комбинира продуктивноста, високиот квалитет и едноставноста за работа во една смукалка за суво и мокро смукање.

Поголема продуктивност благодарејќи на големиот притисок на четката и големиот капацитет на резервоарот.

maxxi ii vest sl 1

MAXXI II е вашата верна алатка кога е потребно брзо и ефективно чистење со минимално попречување на дневните активности.

MAXXI II е идеално наменет за тешка работна околина, специјално во груби и влажни средини како градежни објекти и лесна индустрија, како и за чистење после водоводџии, електричари и изведувачи.

Новата правосмукалка за мокро и суво смукање претставува голем број на иновативни функции кои го прават секојдневното работење и одржување лесно, ергономично и продуктивно.

Ракувањето со филтрите повеќе не претставува проблем, со што се зголемува продуктивноста. Новата двојна филтрација го овозможува користењето на MAXXI II за мокро и за суво смукање без да има потреба да се сменат филтрите. Секој мотор е специфично наменет за примената, што осигурува максимални перформаси и високо ниво на доверба.

Со новиот дизајн на главата на моторот олеснето е одржувањето и промената на филтерот кое се врши без вадење на моторот и работникот може едноставно да го исчисти контејнерот без да ги поместува компонентите што би предизвикало оштетување или загуба. При празнењето тежината на главата на моторот служи како контра-тежина на контејнерот, овозможувајќи лесен и едоставен процес на празнење.

maxxi ii vest sl 2

MAXXI II е изборот кој нуди максимални перформанси дури и кога се работи со мокри и суви материи.

За повеќе информации погледнете го следното видео: