NEPTUNE 2 SPECIAL – мобилен компактен високопритисен апарат

NEPTUNE 2 SPECIAL – високопритисен апарат со мотор од 1450 вртежи во минута

NEPTUNE 2 SPECIAL е опремен со мотор од 1450 вртежи во минута, со што се овозможува подолг животен век, како и пониско ниво на бучавост.

 

NEPTUNE 2 SPECIAL се карактеризира со:

  • Мотор со 1450 вртежи во минута со значително подолг работен век и редуцирано ниво на бучавост
  • 26% помала големина за полесно складирање и транспорт
  • 16-21% помала потрошувачка на гориво
  • До 35% подолго работење со еден полн резервоар
  • 100% мобилност

Плус основните Nilfisk-ALTO вредности:

  • Сигурност
  • Непобедлива ергономија
  • Совршени перформанси на чистење
  • Ergo 2000 Plus додатоци

Новиот NEPTUNE 2 SPECIAL доаѓа со вертикален дизајн, што овозможува лесно складирање, а исто така и цврсто закачување во облик на полу-стационарна единица. Оптималниот дизајн со големи тркала го прави лесен за буткање и влечење на нерамни површини.

Апаратот вклучува голем дел од традиционалните карактеристики на поголемите машини:

  • EcoPower бојлер
  • Duo Мотор
  • Функција за автоматски старт/стоп
  • Сензор за оган
  • Сензор за намалено гориво
  • Керамички клипови
  • Додатоци за оптимално удобно ракување

NEPTUNE 2 SPECIAL е идеална машина за трговци и помали гаражи кои имаат потреба од компактна машина, лесна за движење и употреба.

NEPTUNE 2 SPECIAL нуди совршена машина во однос на ергономија и редуцирани оперативни трошоци.

FLOORTEC 480 M – мануелен апарат за чистење (метење) на подови

FLOORTEC 480 M, идеален за внатрешно и надворешно одржување на цврсти подови.

FLOORTEC 480 M е идеално решение за метење на мали количества на сува прав, песок, лименки, шишарки, цигари и сл., како во отворени, така и во затворени простори.

Типична примена наоѓа во магацини, фабрики, паркови за коли, трговски центри, училишта, хотели, бизнис центри, автобуски/железнички станици, гаражи и домаќинства.

Грубата некорозивна рамка го прави мануелниот метач многу стабилен. Заедно со двете главни и странични метли, овој апарат е екстремно ефикасен, 5 пати побрз од традиционалната метла.

Понатака, метачот е многу лесен и силен, опремен со рачка за носење и лесно празнење.

FLOORTEC 480 M ги одржува вашите простори презентабилни без тешка работа.

Отстранување на прав, песок, отпадоци, листови, и др.

vest-8_2 vest-8_3 vest-8_4

  • Главната метла лесно се мести во 4 позиции без употреба на алат
  • Капакот може да остане отворен за лесно фрлање на поголеми предмети или истурање на цела канта за отпадоци во него
  • Дизајнот на рачката овозможува лесно складирање на апаратот, дури и во вертикална положба, закачен на ѕид

Twister Pads – систем за чистење со дијаманти

Twister Pads – веќе е лесно достигнувањето на совршен под

DCS – Diamond Cleaning System (системот за чистење со дијаманти) е нов начин за механичко третирање и одржување на подови со помош на микроскопски дијаманти. Системот е дел од револуцијата за еколошко прилагодени производи.

Twister™ е револуционерен систем за чистење составен од падсови за под создадени со милиони микроскопски дијаманти кои механички го чистат и полираат подот без употреба на хемикалии. Twister™ може да се користи на секакви површини, како природен камен, бетон, винил, мермер, линолеум. Twister™ е алатката која што го претвора вашиот оштетен под во чист, сјаен и полиран под.

vest-7_1

Twister™ е механички метод за чистење кој бара само вода при дневното чистење. Дијамантската страна на подлогата е обоена и служи како индикатор – кога бојата ќе исчезне, дијамантите се завршени. Twister™ ја елиминира потребата од употреба на хемикалии и ја намaлува потребата од периодично одржување на подовите.

Еколошко чистење, само со додавање на вода

Доколку е потребен екстра висок сјај, тогаш се употребува Twister™ зелениот падс за суво, екстра брзо полирање на подот. Овој процес може да се изведува на секаков вид на под без употреба на хемикалии. Twister™ падсот може да се употребуваат на мотор до 3500 РПМ.

  • Намалено време за чистење
  • Екстремна чистота
  • Висок сјај
  • Непотребно периодично полирање и одржување
  • Без хемикалии, единствено употреба на вода во секојдневното одржување
  • Twister™ падсот одговараат на сите типови машини
  • Twister™ со долг животен век
  • Идеални за суво и брзо полирање на подови, погодни за употреба до 3500 РПМ

vest-7_3

Покрај зелениот Twister™ пад, тука се и белиот и жолтиот, создадени за длабинско чистење и ефективно отстранување на гребнатини и претоварање на подот од рапав и нечист во чист и сјаен. И сето тоа, без употреба на хемикалии.

При длабинско чистење на под од природен камен или мермер, препорачливо е да се користи сапун за камен, како Twister™ Floor Conditioner за навлажнување на каменот и спречување на неговото исушување. За сите други видови на подови, доволно е само употреба на вода за длабинско чистење и подобрување.

Длабинското чистење и подобрување се процеси кои најчесто нема потреба да се прават доколку подот секојдневно се чисти со зелениот пад.

Ново збогатување на NEPTUNE линијата

Nilfisk-ALTO ја збогатува успешната NEPTUNE медиум и премиум линија на професионални високопритисни апарати со топла вода.

 

Новите NEPTUNE 4 FA и NEPTUNE 5 FA се опремени со новата верзија на NA5 пумпата со топла вода. Оваа пумпа, веќе присутна во верзија со ладна вода кај POSEIDON 5, е пумпа со 3 керамички клипови, придвижувана од мотор со 1450 вртежи во минута.

vest-6_2

NEPTUNE 7 FA линијата е опремена со добро познатата C3 пумпа за супериорна издржливост. Сите 3 модели со топла вода се опремени со автоматски систем за активација при проток на вода.Овој систем го користи движењето на водата со цел да прати импулси за вклучување и исклучување на моторот.

Спореден со системот за активација при притисок, новото решение нуди неколку предности:

  • Полесно маневрирање со цревата, лесни и сигурни за движење
  • Продолжување на животниот век на моторот.

Терминот ФА во името на производот означува дека апаратот е опремен со систем за активирање при проток на вода.

Кога сигурноста е најважна

Nilfisk-ALTO претставува нова линија на сигурносни смукалки

vest-4Оваа линија се состои од 12 смукалки, Attix 30, 40 и 50 сигурносни смукалки. Оваа нова платформа на апарати од –М и –Х класата, вклучува подобрени перформанси и согласност со најновите прописи за сигурносни смукалки.

Апаратите вклучуваат –М класа одобрување за опасен прав, означувајќи средно (Медиум) опасни услови на работа и –Х класа, високо опасни услови, како на пример смукање на азбест, каде правот е опасен за здравјето на работникот. Моделот -22 од оваа линија е одобрен за работа со запалива прав.

Различните модели поседуваат различен систем за чистење на филтерот, меѓу кои Push&Clean или XtremeClean филтер системот. Двата системи се создадени со цел да се оптимизира вшмукувањето на прав и оперативната ефикасност. Push&Clean системот одржува постојано вшмукување, го продолжува траењето на филтерот и заштедува трошоци, додека XtremeClean нуди високо ефикасен и лесен за активирање автоматски систем за чистење на филтерот.

Nilfisk-ALTO ја воведе оваа линија фокусирајќи се на зголемениот интерес за собирање на опасна прав, како и зголемениот пазар за професионални сигурносни смукалки. Овие смукалки имаат подобрени перформанси, специјализирани додатни делови, нов материјал за филтрација и нови сертификати за ефикасност на филтерот.

Грижа за околината

Менаџирањето на околината претставува одговорност за грижа кон природните ресурси и одговорно управување со нив за сегашните и следните генерации.

Нашите технологии овозможуваат квалитетно внатрешно и надворешно живеење, намалувајќи го лошиот ефект на чистењето врз надворешната средина. Наша цел е да постигнеме повеќе, но со помалку – симултано го подобруваме нашето однесување кон околината додека ги намалуваме трошоците. Тоа го правиме создавајќи технологии кои ја намалуваат употребата на хемикалии, енергија и вода – а сеуште овозможувајќи високо квалитетно чистење.

Оптималното рециклирање на производите започнува уште при концептот и дизајнот на производот. Нашите инженери го евалуираат еколошкиот ефект на производот преку целиот негов животен век и диктираат поголема употреба на рециклирачки материјали и план како тие ќе бидат преработени по употребата.

Nilfisk-Alto се посветува на:

  • Одржување на здрави внатрешни средини
  • Дизајнирање на продукти кои овозможуваат најниско влијание врз околната средина, како за време на употребата, така и по завршување на работниот век на производот
  • Практикуваме одговорен откуп на материјали користени за дизајн на нашите производи и операции
  • Производство на нашите производи преку процеси со најмало влијание врз околната средина
  • Едукација на нашите клиенти, партнери и индустријата за одржливите и одговорни практики за чистење

Нов чистач на подови од Nilfisk-ALTO

Практичен одговор за чистење на мали површини.

SCRUBTEC 233 претставува уникатна комбинација од компактен дизајн, ефикасно чистење и сушење. SCRUBTEC 233 нуди највисок притисок во неговата класа.

Дизајниран за чистење и сушење на подови во ограничени простори, овој апарат е наменет за употреба во ресторани, хотели, училишта, гаражи и секаде каде што вообичаено се употребува апарат со еден диск заедно со смукалка.

SCRUBTEC 233 поседува четки/падс со притисок до 18 кг за да се осигури ефикасно чистење. Понатака, двојната ламела овозможува смукање во двата правци, и нанапред и наназад.

Со додавање на специјални додатоци SCRUBTEC 233 може исто така да се користи и за чистење на тепих/тапацир во канцеларии/мебел/седишта во кола, итн.

vest-3

SCRUBTEC 233 е наменет за употреба во:

  • Мали супермаркети
  • Кујни
  • Бизнис центри
  • Детски градинки
  • Фаст фуд ресторани
  • Спортски центри
  • Училишта
  • Сервиси за чистење
  • Совршена стапка на продуктивност!

POSEIDON 1 – компактен партнер за секојдневно чистење

Nilfisk-ALTO ја лансираше идеалната машина за секојдневни работни задачи за одржување на хигиена

Новиот POSEIDON 1 е соодветен за дневна употреба со мал интензитет, на пример од страна на мали трговци, или за чистење на опрема и возила во мали фарми.

POSEIDON 1 означува:

  • Компактен дизајн
  • Високи перформанси на чистење
  • Непобедлива ергономија
  • Разновидна професионална опрема за прскањe

vest-2_1

POSEIDON 1-20 XT доаѓа опремен со разновидна и лесна за употреба професионална опрема:

  • 15м црево
  • FlexoPower цевка со функции за висок и низок притисок
  • Tornado Plus дизна
  • TurboHammer цевка
  • Ergo 1000 пиштол распрскувач

vest-2_2

Нова линија на апарати за чистење на подови со возење од Nilfisk-ALTO

Nilfisk-ALTO ја претстави новата SCRUBTEC R3 линија на апарати за чистење подови со возење

vest-1_1Овие компактни и разновидни единици се дизајнирани да ја пополнат празнината помеѓу апаратите со буткање и поголемите апарати со возење. Тие се достапни во 3 различни големини според можната површина за чистење – 61 цм, 66 цм и 71 цм, како и со променлива платформа за чистење. SCRUBTEC R3 линијата е наменета за полесни задачи каде што се најважни брзината и ниското ниво на бучавост.

Типична примена наоѓаат при чистење на болници, супермаркети, мали магацини, гаражи, училишта, спортски и бизнис центри. Овие апарати вклучуваат важни карактеристики, како 75 литарски контејнер за вода со цел да се намали потребата од постојано дополнување, акумулатор, лесен достап до компонентите за чистење и сервисирање. Компактната големина и лесната управливост на овие апарати овозможува лесно чистење во натрупани простори, а поминуваат низ класични врати и отвори.

vest-1_2 vest-1_3