Nilfisk-ALTO нуди иновативна палета на високопритисни апарати на ладна вода, давајќи ви ја предноста на лесно и интуитивно ракување воопшто. Може да имате корист при секојдневното чистење, подобра ергономичност и подобрени решенија за складирање и чување, што пак ќе резултира со намалени работни трошоци, подобра ефикасност во чистењето, подобрена употребливост и намалени трошоци за одржување.
Двата високопритисни апарати MC 3C и MC 4M од Nilfisk-ALTO ви нудат значајни придобивки. Ви овозможуваат повисока ефикасност во чистењето – додавајќи детергент со посебна прскалка за пена кога имате потреба да разложите слаби замастувања, маснотии и тврдоглава нечистотија. Тие исто така ќе ви овозможат олеснителни сервисни функции и поинтуитивна употреба. Сето ова резултира со одлични резултати во чистењето, заштедено време и пониски трошоци.
Идеален избор
Опсегот на MC е идеален избор за мали градежни компании, лесно земјоделие, мали култури и млечни фарми, и автомобилски гаражи и компании за изнајмување автомобили.
Пената прави разлика
Чистење на слаба нечистотија, кал, прашина, минерална прашина во повеќето случаи може да се изврши со ладна вода. Кога се работи за попредизвикувачки задачи како слаба маснотија и масти, мора да се додаде детергент. Се до сега детергентот беше во вграден нископритисен инјектор, но сега Nilfisk-ALTO разви единствен систем за Распрскување на Пена со одделни шише и распрскувач на пена нудејќи две важни придобивки. Работниот притисок се зголеми, а во исто време се штедат детергент и вода со тоа што „лепливата“ пена е поефикасна.
Стабилни и безбедни за работа – поинтуитивни и лесни за употреба
Дизајнот на MC 3C и MC 4M е направен посигурен, а фокусот е свртен кон лесно работење и маневрирање и подобрување на функционалноста при складирањето. За да се подобри целокупната подвижност машините MC се опремени со големи 250мм тркала што обезбедуваат многу полесно движење на производот – дури и на груба површина или скали. За да се подобри функционалноста при складирањето, воведен е еден единствен држач за пиштолот за распрскување, со цел да се заштити пиштолот од оштетување при транспорт или складирање. Исто така, новата вртечка кука за кабелот го прави мотањето и одмотувањето на електричниот кабел детска игра.
Дополнителни функции
Детергентска пена
- Детергентската пена се лепи на нечистотијата поефикасно
- До 20% зголемување на притисокот на прскалката и на ефектот на чистењето, благодарение на надворешниот систем за распрскување на пена
Лесно и безбедно ракување
- Иновативен држач го штити Пиштолот од оштетување за време на складирање и транспорт
- Вртечка кука за кабелот за полесно отстранување и мотање на електричниот кабел
- Сигурен и цврст дизајн со поголеми тркала од 250мм го оптимизира транспортот на груби површини и скали
Заштеда на време и лесно сервисирање и одржување
- Резервоар за масло со видливо ниво на маслото и полно/празно функција
- Лесно отворање и отстранување на делот за пристап до пумпата
За повеќе информации погледнете го следното видео: