SCRUBTEC 337 – идеален апарат за подови со одлична моќ и покрај малиот профил

Револуционерно ново размислување во мала единица.

SCRUBTEC 337 не е само уште еден мал апарат за чистење подови. Претставува радикално нов правец на размислување, и иновација од еден од лидерите во индустријата. Уникатниот ротирачки концепт овозможува чистење и сушење во двата правци – нанапред или наназад, додека водата останува во внатрешноста помеѓу четките додека се работи. Чистењето станува побрзо, подобро и полесно.

Врвниот компактен дизајн и одличното маневрирање овозможува пристап до тешко достапните области кои другите машини не можат да ги исчистат.

Лесно отстранливи резервоари кои овозможуваат удобно чистење, полнење и празнење – да се задржи фокусот врз извршување на работата

  • Јасни контроли и прилагодлива рачка за лесно и ергономично оперирање
  • Чисти и во најтешко достапните области за стандардните четкарки
  • Ниското ниво на бучава овозможува секојдневно чистење, дури и во простории чуствителни на гласност
  • Различни батерии: за висока продуктивност или постојани перформанси/ помалку тежина/ со помалку олово/ брзо полнење..
  • Извонреден притисок на четката за беспрекорна ефективност при чистењето
  • Ергономски и лесен за користење, без потреба од обука за користење
  • Прилагодување на протокот на вода
  • Брзо и едноставно одржување
  • Провиден капак за нечистата вода
  • Ергономска, прилагодлива рачка со можност за преклопување
  • Екстремно компактен
  • Лесен за транспорт и складирање
  • Голема рачка за носење на резервоарите
  • Батериски погон, идеален за мали области
  • Систем со два одделни резервоари

scrubtec 337 sl1

SCRUBTEC 337 е идеален за користење во супермаркети и продавници; гаражи и салони за автомобили; училишта; ресторани и кафетерии.

За повеќе информации погледнете го следното видео:

SCRUBTEC 234 Компактен апарат за чистење подови

Ако чистењето на подови досега не ви претставуваше задоволство, отсега ќе ви стане омилено со нашиот SCRUBTEC 234 C

Електричниот SCRUBTEC 234 C е совршен за одржување на мали површини цврсти подови, како камен, плочки, цемент, мермер, гума, винил, итн. Тој е лесен и пренослив и чисти во два правци, нанапред и наназад. Благодарение на цилиндричната четка во предниот дел, тој може да чисти и во ќошевите на ѕидовите, оставајќи го подот 100% сув. Опремен е со посебни резервоари за чиста и нечиста вода за лесно полнење и празнење.

Модел и спецификации

SCRUBTEC 234 C

  • 4 пати побрзо од џогирање, ги отстранува нечистотиите
  • Уникатниот дизајн овозможува чистење под мебелот и на рабовите на подот
  • Чисти со помош на четките и смука во два правци, нанапред и наназад
  • Лесен за транспорт

Без разлика дали имате потреба од производ од комерцијалната линија или повеќе од индустриската, бидете сигурни дека ова е соодветниот производ за вас во однос на моќта на чистење и ергономичноста.
Ако користите џогер, веројатно трошите околу два часа за да исчистите површина од 300 метри2, а за да ја извршите таа работа чекате да заврши работното време. Со
SCRUBTEC 234 C можете слободно да ја исчистите истата површина потемелно и за третина од потрошеното време. Тој е екстра тивок, така што нарушувањето на работата во вашата околина е минимално.

scrubtec 234 sl1

За повеќе информации погледнете го следното видео:

ТЕХНОМА 2012

Професионалната опрема за чистење Nilfisk Alto, повторно ја претставува својата програма на саемот ТЕХНОМА 2012. Од 16ти до 20ти октомври пронајдете не во Хала 1 на Скопскиот Саем.

Посетете нè, консултирајте се со искусниот и професионален персонал и се разбира, искористете ги единствените саемски попусти и акции!

Заедно да го пронајдеме оптималното решение за Вашите проблеми при чистењето.

Ве очекуваме!

Нова генерација на високо притисни апарати – ПОСЕЈДОН 5, 6 и 7

Целта на овој нов асортиман е да Ви понуди севкупно намалување на трошоците за чистење, а новиот асортиман е проучуван да ги сведе на оптимум:

  • Практичноста и едноставноста: овој асортиман е интуитивен и лесен за користење, го намалува времето поминато во монтажа, подготвување или обука. Заштеденото време значи заштедени средства.
  • Ергономија и ракување: помалку напор е клучниот бенефит за Вас. Преносот и складирањето се оптимизирани за да се заштеди време и простор.
  • Јачина и издржливост: Индустрискиот квалитет на материјалот и стандардите значи дека овој нов асортиман е добро опремен за долгорочна употреба дури и во најтешки амбиентални услови.

За оптимално и лесно ракување

Пренесување

Новата линија POSEIDON е лесна за кревање благодарение на јасно дефинираните рачни места за подигање, намалувајќи го напорот за лесно утоварување во возило. Рачката што се свиткува го намалува потребниот простор за сместување или транспорт во возилото или работилницата. Вертикалната положба на рачката дава оптималеа рамнотежа за подигнување со дигалка.

Јачина и издржливост

POSEIDON 5,6 и 7 се вградени во 30 мм челична рамка, која допринесува за јачината и издржливоста на производот. Груб, а сепак лесен за маневрирање. Верзиите со излиени тркала ја зголемуваат подвижноста. Предницата на POSEIDON е заштитена со цврст пластичен браник.

Складирање

POSEIDON 5,6, и 7 се внимателно разработени такашто Ви нудат одлично ниво на можности за складирање на стандардната распрскувачка опрема за високо притисниот апарат.

Ви нудиме решенија:

Примена на детергент

Асортиманот на POSEIDON 5, 6 и 7 (со исклучок на POSEIDON 5-41, 5-53) се опремени со двосмерен усисен вентил за детергент, што Ви овозможува избор помеѓу два различни детергенти зависно од примената. На овој начин, можат лесно да се решат две различни задачи на чистење без да имате потреба да се вратите на местото за подготовка и да ги смените хемикалиите. Резервоарите од 2 х 2.5 л. Лесно се отстрануваат за празнење и полнење. Исто така лесно е да се види нивото на детергент кој останал во секој резервоар, со што му се овозможува на корисникот да го дополни детергентот пред да оди на работното место.

Оптимален концепт на сервисирање и одржување

Сите машини за перење под притисок бараат одредено ниво на одржување. Концептот на сервисирање на асортиманот POSEIDON 5,6 и 7 има за цел да го намали потребното време за да се изврши ова одржување – а со тоа и чинењето. Нивото на масло во пумпата може лесно да се види од надворешната страна на машината – покажувајќи дали пумпата содржи доволно масло пред употреба. Како додаток, моделите POSEIDON 6 и 7 се опремени со заштита од ниско ниво на масло во пумпата, со што се исклучува машината за перење под притисок ако нивото на пумпното масло е премногу ниско – со тоа се обезбедува долготрајност. Постои можност да се догради POSEIDON 5 со сигурносен систем во случај на ниско ниво на масло во пумпата.

vest poseidon567 1

POSEIDON 5 е Вашиот најсестран партнер – Секогаш можете да имате доверба во Вашиот POSEIDON 5

vest poseidon567 2Машините за перење POSEIDON 5 PA-FA се најсестрани партнери за клиенти за потребите во земјоделството, индустријата, градежништвото и автомобилската индустрија. Успеавме во комбинирањето на недостижното ниво на мобилност и леснотија во користењето со несоборлива снага, оптимален концепт на сервисност и одлични карактеристики на складирање. POSEIDON 5 е опремена со NA5 нишачка диск пумпа, 3 керамички клипа и зајакната месингана глава на пумпа за употреба од 4-5 часа дневно. Единицата на моторната пумпа е конструирана за поинтензивна употреба со 1450 рпм, со осигурано ниско ниво на бучава. Достапна е со активирање под притисок или преку проток на вода.

PA – Систем активиран со притисок. Постои можност за само- вшмукување. За оние од Вас кои сакаат исто ниво на јачина, квалитет и лесна употреба, нема ризик од стартување/стопирање на моторот во случај на истекување.

FA – Систем активиран со проток на вода. Нема можност за само-вшмукување. За оние од Вас со барања за поширока примена и потреба за транспорт. Дополнителен работен комфор, нема ризик од стартување/стопирање на моторот во случај на истекување.

POSEIDON 6 Ви дава перформанси, долготрајност и ергономија – Продуктивност од висока класа и ергономија во еден пакет

vest poseidon567 3Иновативен високо притисен апарат од премиум класата со ергономичен и робустен дизајн, нова индустриска пумпа NA6 и концепт за оптимален сервис. POSEIDON 6 FA индустриската класа на високо притисни апарати конечно ги спојуваат несовладивата истрајност, високите перформанси на чистење и оптималната ергономија со што добиваме издржлив високо притисен апарат соодветен за индустријата, земјоделството, бродарството, секторот за транспорт и прехранбена индустрија.

POSEIDON 6 е опремена со нова NA6 нишачка диск пумпа, 4 керамички клипа за интензивна употреба до над 5 часа дневно. Разработена со користење на индустриска конструкција (двојни валчести лежишта), NA6 пумпата е инспирирана од традиционалната C3 пумпа и нуди максимална влезна температура од 80 Ц степени , што значи дека POSEIDON 6 може да се полни со врела вода и да се користи како високопритисен апарат со топла вода, со што се намалува времето на чистење при многу примени. Исто така, моторот работи со 1450 рпм за долготрајна употреба и ниско ниво на бучава. Нејзиниот контролен систем се активира со проток и осигурува отсуство на притисок во опремата за распрскување и главата на пумпата за време на работните паузи – со што се подобрува работниот комфор, безбедноста и се избегнува прегорување на моторот во случај на истекување.

POSEIDON 7 е со обновен индустриски квалитет во ергономскиот дизајн – Ова е ултимативна индустриска пумпа

vest poseidon567 4Иновативна премиум класа на високо притисни апарати со ладна вода со ергономичен и цврст дизајн, обновена индустриска пумпа C3 и оптимален концепт на сервис. POSEIDON 7 FA индустриската класа на високопритисни апарати со ладна вода ги комбинира обновената издржливост и квалитет на пумпата C3 со оптималната ергономичност со што добиваме несовладив издржлив високо притисен апарат соодветен за индустријата, земјоделството, бродарството, транспортниот сектор и прехранбената индустрија.

POSEIDON 7 е секако опремен со обновена, индустриска класа на C3 пумпа, базирана на цврста 4 клипна пумпна конструкција, двојни валчести лежишта, контролен систем кој се активира со проток и мотор со 1450 рпм. Способна да прифати влез на вода до 85 Ц степени, пумпата C3 исто така е тестирана на терен со употреба на солена вода. Резултатот за Вас е подобра дистрибуција на работното оптеретување во пумпата, што го редуцира вибрирањето на машината и дава порамномерна изведба.

SPINTEC 551 UH – Спремен за употреба и лесен за одржување апарат за полирање

SPINTEC 551 UH Ви дава одлична снага без оглед на малиот профил!

Идеалниот баланс и големите тркала го прават пренесувањето на машината лесно и без напор за Вас.

Nilfix-ALTO SPINTEC 551 UH машината за полирање е машина со ременски погон од 1500 обрти во минута. Оваа машина Ви нуди подобрена ергономија во ракувањето, балансот, и преносот, така што се додадени посебни карактеристики како: мек стисок, кука за кабелот, држач за приклучокот, кус осигурувач, подолг кабел (15 м) , вообичаени приклучни делови, и подобрена сервисност.

SPINTEC 551UH идеално е погоден за дневно чистење во болници, хотели, продавници на мало, и за фирми за чистење по договор. Ви обезбедува голема сигурност благодарение на сигурносното копче, безбедносен прекинувач и кабел со голема видливост.
Со SPINTEC 551 не добивате само модерен дизајн, туку ја потврдува моќноста, истрајноста и лесното чистење. SPINTEC 551 UH ви нуди комплетна и безгрижна машина.

Дополнителни карактеристики:

  • Рапава челична цевка и конструкција отпорна на удари и чукнувања без кршење
  • Кука за кабел, при што кабелот лесно се намотува на машината
  • Исфрлен винил браник кој ги заштитува препреките и машината од оштетувања
  • Спремна за употреба
  • Лесна за користење
  • Не е потребно одржување
  • Тивко работи
  • Работи на приклучок за електрична струја
  • Издржлива

SPINTEC 443 – Диск машина за полирање – за ефикасно секојдневно чистење на Вашите подови!

SPINTEC 433 Ви ја нуди оваа диск машина за полирање, која ќе Ви помогне да ги исчистите лесно и ефикасно Вашите подови, истовремено нудејќи Ви долготрајност со минимално сервисирање.

Екстремно сестрана, за лесно користење, секојдневно чистење или големо оптеретување – изборот е Ваш!

Spintec 443 range е диск машина за полирање, која нуди професионално одржување во должностите на чистење кај разновидни типови на подови: бетонски и обложени подови, подови поплочени со камен или керамика, плочки, ПВЦ и линолеум, дрво и ќилими. Всушност, секој вид на под.

SPINTEC 443 нуди модели со избор на мала брзина, голема брзина и двојна брзина, а тоа овозможува ефикасно четкање, гребење , полирање и чистење со спреј – за подолготрајни и поубави цврсти подови.
Чист и сјаен под е еден од најодлучувачките критериуми за купувачите.

SPINTEC 443 е идеален за чистење во: училишта и институции, продавници и продавници на мало, болници, хотели, а меѓу другото и градежни објекти.

Дополнителни карактеристики:

  • Офсет мотор за поголема стабилност, машината може да чисти под мебел и радијатори.
  • Рапава челична цевка и рамка отпорни на удари и чукнувања без кршење
  • Кука за кабел, при што кабелот лесно може да се замота на машината
  • Исфрлен винил браник кој ја заштитува машината и пречките од оштетување
  • Спремна за употреба
  • Лесна за работење
  • Не треба да се одржува
  • Тивка при работа
  • Работи на струја
  • Издржлива

SPINTEC 443 1

Чисти, светнати подови со Eco BrilliancePads и чиста вода

Комбинацијата на Нилфиск-АЛТО со Eco Brilliance Pads и чиста вода дава одлични резултати на чистење

Eco Brilliance имаат покрута влошка за подобра издржливост. Eco Brilliance примарно е изработен за меки камења или бетонски подови, но исто така ќе даде одлични резултати на други типови на подови и полирани површини како што е мермер, терацо, гранит, пластика и линолеум.

Обновува, чисти и светнува

  • vest eco brilliance pads 1ЧЕКОР 1 – ЦРВЕНА
    Користете го овој филц за отстранување на стари и истрошени површини, остава мат финиш
  • vest eco brilliance pads 2ЧЕКОР 2 – СИНА
    Користете го овој филц за отстранување на грабнатини, пукнатини и нерамнини, остава мат финиш
  • vest eco brilliance pads 3ЧЕКОР 3 – ЖОЛТА
    Филц за секојдневно чистење со отстранување на нечистотија и гребнатини, остава сатенска површина која е лесно да се одржува чиста
  • vest eco brilliance pads 4ЧЕКОР 4 – ЗЕЛЕНА
    Филц за секојдневно чистење со отстранување на нечистотија и гребнатини, остава сјајна површина. Суво-чистење со користење на машина со голема брзина за високо-сјаен финиш, зависно од типот на подната подлога.

Eco Brilliance асортиман

  • Секојдневно чистење без детергенти
  • Ги светнува подните подлоги до посакуваниот сјај
  • Обновува стари и истрошени подови и го обновува сјајот
  • Можат да се користат влажни или суви со брзина од 150 до 1,800 вртежи во минута и нудат многу помазен, почист засек одошто традиционалните филцови