SCRUBTEC 337.2 –Импресивна продуктивност и покрај малиот профил

Лесно четкање и сушење дури и на најтешко достапните области благодарение на ротирачката четка и интегрираната усисна гума.

SCRUBTEC 337.2 е дизајниран со нови опции кои ја зголемуваат вашата продуктивност, го оптимизираат маневрирањето и го зачувуваат драгоценото време, енергија и пари додека сè уште се добиваат одлични резултати во чистењето. SCRUBTEC 337.2 може да четка и суши во сите правци, нанапред или наназад, додека водата останува во внатрешноста додека се работи.

Тој е идеалниот компактен апарат за чистење на подови за средни претпријатија како авто-дилери, бензински пумпи, мали продавници, гаражи итн. Неговата тивка бучавост го прави погоден за дневно чистење и во области кои се чувствителни на висока бучава.

scrubtec 337.2 vest sl1

Покрај неговите уникатни способности за маневрирање, SCRUBTEC 337.2 ја зголемува продуктивноста со тоа што е исклучително лесен за ракување – речиси нема потреба за тренинг на оној кој го управува, исто како што и неговото одржување е сведено на минимум поради неговите лесно достапни компоненти. Компактен апарат за чистење на подови – кој работи за вас!

Додатни карактеристики:

  • Ниското ниво на бучава овозможува секојдневно чистење, дури и во простории чувствителни на бучава
  • Лесно прилагодлив држач за четката за совршена контрола на влечната сила
  • Ергономичен и лесен за користење, без потреба од обука за користење
  • Прилагодување на протокот на вода
  • Брзо и едноставно одржување бидејќи сите компоненти се лесно достапни
  • Провиден капак за нечистата вода за лесна проверка и контрола на функционалноста
  • Ергономична прилагодлива рачка со можност за преклопување за едноставен транспорт и складирање
  • Екстремно компактен
  • Тркала кои го ублажуваат ударот при чистење близу ѕидови
  • Реален систем од два резервоара складирани во заеднички простор
  • Голема рачка за носење на резервоарите за лесно полнење и празнење на течностите
  • Патентиран систем со еластичен ремен за лесна инсталација и отстранување на усисните гуми без употреба на алат.
  • Индикатор на нивото на енергија во акумулаторот

За повеќе информации погледнете го следното видео:

SCRUBTEC 343.2 – Максимална изведба на мал и удобен апарат

Апаратот SCRUBTEC 343.2 е мал, компактен апарат за чистење на подови со функционалност и можности какви што нудат многу поголемите апарати но сепак лесен за употреба и со лесна способност за маневрирање.

scrubtec 343 vast sl1

Поголема продуктивност благодарејќи на големиот притисок на четките и големиот капацитет на резервоарите.

SCRUBTEC 343.2 е 2.0 верзијата на популарниот SCRUBTEC 343, но обновен со последните и многу подобрените технологии во системите за смукање на нечистата вода, сигурност и перформанс. Обновениот SCRUBTEC 343.2 има подобрен комфор бидејќи новиот систем за подигнување на усисната гума е опериран со педала. Со SCRUBTEC 343.2 ќе ја имате најновата технологија на допир во Вашите раце во доверлив и продуктивен апарат со одлични перформанси, висока сигурност и ниски трошоци за сервис и одржување.

  • Ергономичен дизајн
  • Новиот, еко-пријателски електричен проток на вода од операторот придонесува за подобар комфор.
  • Лесен за транспортирање и складирање
  • Робустниот дизајн со намален ризик од оштетување ги намалува трошоците за сервис
  • Зголемено триење на подот по потреба, регулирано со копче
  • Двојното четкање без потрошувачка на вода ги зачувува трошоците и природата
  • Прилагодлив притисок на четката и триење зависно од работните услови
  • Брза и лесна проверка на нивото на водата во резервоарот преку проѕирно црево
  • Подигнување на усисната гума со погодна педала
  • Копче за регулација на палубата и на тркалата кое додава подобро триење и перформанси
  • Капакот на моторите за четка и вакуум ги заштитува електричните делови за сигурност и безбедност (само на кабелската верзија)
  • Жолто копче за сигурност
  • Достапна во батериска и кабелска верзија

Апаратот SCRUBEC 343.2 е продуктувниот избор за сите ваши потреби за чистење на подовите.

scrubtec 343 vast sl2

MAXXI II – Вашиот најдобар избор на стабилна смукалка за суво и мокро смукање

MAXXI II е платформа која ја комбинира продуктивноста, високиот квалитет и едноставноста за работа во една смукалка за суво и мокро смукање.

Поголема продуктивност благодарејќи на големиот притисок на четката и големиот капацитет на резервоарот.

maxxi ii vest sl 1

MAXXI II е вашата верна алатка кога е потребно брзо и ефективно чистење со минимално попречување на дневните активности.

MAXXI II е идеално наменет за тешка работна околина, специјално во груби и влажни средини како градежни објекти и лесна индустрија, како и за чистење после водоводџии, електричари и изведувачи.

Новата правосмукалка за мокро и суво смукање претставува голем број на иновативни функции кои го прават секојдневното работење и одржување лесно, ергономично и продуктивно.

Ракувањето со филтрите повеќе не претставува проблем, со што се зголемува продуктивноста. Новата двојна филтрација го овозможува користењето на MAXXI II за мокро и за суво смукање без да има потреба да се сменат филтрите. Секој мотор е специфично наменет за примената, што осигурува максимални перформаси и високо ниво на доверба.

Со новиот дизајн на главата на моторот олеснето е одржувањето и промената на филтерот кое се врши без вадење на моторот и работникот може едноставно да го исчисти контејнерот без да ги поместува компонентите што би предизвикало оштетување или загуба. При празнењето тежината на главата на моторот служи како контра-тежина на контејнерот, овозможувајќи лесен и едоставен процес на празнење.

maxxi ii vest sl 2

MAXXI II е изборот кој нуди максимални перформанси дури и кога се работи со мокри и суви материи.

За повеќе информации погледнете го следното видео:

Аеро 21/26/31 Нова серија влажни и суви смукалки дигнати на ново ниво на продуктивност

Нова конкурентна генерација на професионални и компактни смукалки за суво и влажно смукање.

Аеро 21/26/31 доаѓа во две верзии во поглед на дизајнот и 4 видови на контејнер – вклучувајќи и модели од нерѓосувачки челик. Компактниот, ергономски дизајн и големите тркала ги прави машините безбедни за да работа и лесни за маневрирање. Новите влажни и суви правосмукалки нудат удобно и безбедно отстранување на течности и прашина. Машините се лесни, и имаат безбедна интегрирана рачка за подигнување при празнење на контејнерот.

Другите придобивки од дизајнот се автоматскиот систем за намотување на кабелот (во Аеро 26-01 ПЦ Х моделот) – и рамниот капак за складирање на рачни алатки и кутии (во Аеро 26/31 модели). Тоа е стабилна и разноврсна машина за работниците во индустријата, автомобилската и градежништвото со полу-автоматски систем за чистење на филтерот и висока мобилност.

Оваа нова серија содржи различни модели развиени со фокус кон различна употреба и потреби на крајниот корисник во рамките на индустријата, автомобилската инд. и градежништвото. Лесни за употреба, сервис и одржување.

Продуктивноста е зголемена поради повисоките перформанси за чистење – со повисока моќ за вшмукување – и поефикасен систем чистење на филтерот. Сите машини користат сигурен ПЕТ кертриџ филтер за влажно и суво смукање. Овој долготраен филтер кој се пере има висока ефикасност (минимум 99,9%), а Притисни & Исчисти полуавтоматскиот систем за чистење заштедуваме време во текот на чистењето.

aero vest slika 1

Дополнителни карактеристики:

  • ПЕТ руно филтер кој се пере со минимум 99,9% филтрација
  • Притисни & Исчисти систем за чистење на филтерот кој обезбедува континуирани високи перформанси
  • MultiFit систем за додатоци за крајна флексибилност
  • Практичен систем за складирање на кабелот
  • Функција за издувен воздух
  • Стабилен и ергономски дизајн за безбедно работење
  • Опција за намотување на кабелот
  • L класа модел со регулација на брзина
  • Контејнер од нерѓосувачки челик

За повеќе информации погледнете го следното видео: