Twister Pads – веќе е лесно достигнувањето на совршен под
DCS – Diamond Cleaning System (системот за чистење со дијаманти) е нов начин за механичко третирање и одржување на подови со помош на микроскопски дијаманти. Системот е дел од револуцијата за еколошко прилагодени производи.
Twister™ е револуционерен систем за чистење составен од падсови за под создадени со милиони микроскопски дијаманти кои механички го чистат и полираат подот без употреба на хемикалии. Twister™ може да се користи на секакви површини, како природен камен, бетон, винил, мермер, линолеум. Twister™ е алатката која што го претвора вашиот оштетен под во чист, сјаен и полиран под.
Twister™ е механички метод за чистење кој бара само вода при дневното чистење. Дијамантската страна на подлогата е обоена и служи како индикатор – кога бојата ќе исчезне, дијамантите се завршени. Twister™ ја елиминира потребата од употреба на хемикалии и ја намaлува потребата од периодично одржување на подовите.
Еколошко чистење, само со додавање на вода
Доколку е потребен екстра висок сјај, тогаш се употребува Twister™ зелениот падс за суво, екстра брзо полирање на подот. Овој процес може да се изведува на секаков вид на под без употреба на хемикалии. Twister™ падсот може да се употребуваат на мотор до 3500 РПМ.
- Намалено време за чистење
- Екстремна чистота
- Висок сјај
- Непотребно периодично полирање и одржување
- Без хемикалии, единствено употреба на вода во секојдневното одржување
- Twister™ падсот одговараат на сите типови машини
- Twister™ со долг животен век
- Идеални за суво и брзо полирање на подови, погодни за употреба до 3500 РПМ
Покрај зелениот Twister™ пад, тука се и белиот и жолтиот, создадени за длабинско чистење и ефективно отстранување на гребнатини и претоварање на подот од рапав и нечист во чист и сјаен. И сето тоа, без употреба на хемикалии.
При длабинско чистење на под од природен камен или мермер, препорачливо е да се користи сапун за камен, како Twister™ Floor Conditioner за навлажнување на каменот и спречување на неговото исушување. За сите други видови на подови, доволно е само употреба на вода за длабинско чистење и подобрување.
Длабинското чистење и подобрување се процеси кои најчесто нема потреба да се прават доколку подот секојдневно се чисти со зелениот пад.