Менаџирањето на околината претставува одговорност за грижа кон природните ресурси и одговорно управување со нив за сегашните и следните генерации.
Нашите технологии овозможуваат квалитетно внатрешно и надворешно живеење, намалувајќи го лошиот ефект на чистењето врз надворешната средина. Наша цел е да постигнеме повеќе, но со помалку – симултано го подобруваме нашето однесување кон околината додека ги намалуваме трошоците. Тоа го правиме создавајќи технологии кои ја намалуваат употребата на хемикалии, енергија и вода – а сеуште овозможувајќи високо квалитетно чистење.
Оптималното рециклирање на производите започнува уште при концептот и дизајнот на производот. Нашите инженери го евалуираат еколошкиот ефект на производот преку целиот негов животен век и диктираат поголема употреба на рециклирачки материјали и план како тие ќе бидат преработени по употребата.
Nilfisk-Alto се посветува на:
- Одржување на здрави внатрешни средини
- Дизајнирање на продукти кои овозможуваат најниско влијание врз околната средина, како за време на употребата, така и по завршување на работниот век на производот
- Практикуваме одговорен откуп на материјали користени за дизајн на нашите производи и операции
- Производство на нашите производи преку процеси со најмало влијание врз околната средина
- Едукација на нашите клиенти, партнери и индустријата за одржливите и одговорни практики за чистење