Нова конкурентна генерација на професионални и компактни смукалки за суво и влажно смукање.
Аеро 21/26/31 доаѓа во две верзии во поглед на дизајнот и 4 видови на контејнер – вклучувајќи и модели од нерѓосувачки челик. Компактниот, ергономски дизајн и големите тркала ги прави машините безбедни за да работа и лесни за маневрирање. Новите влажни и суви правосмукалки нудат удобно и безбедно отстранување на течности и прашина. Машините се лесни, и имаат безбедна интегрирана рачка за подигнување при празнење на контејнерот.
Другите придобивки од дизајнот се автоматскиот систем за намотување на кабелот (во Аеро 26-01 ПЦ Х моделот) – и рамниот капак за складирање на рачни алатки и кутии (во Аеро 26/31 модели). Тоа е стабилна и разноврсна машина за работниците во индустријата, автомобилската и градежништвото со полу-автоматски систем за чистење на филтерот и висока мобилност.
Оваа нова серија содржи различни модели развиени со фокус кон различна употреба и потреби на крајниот корисник во рамките на индустријата, автомобилската инд. и градежништвото. Лесни за употреба, сервис и одржување.
Продуктивноста е зголемена поради повисоките перформанси за чистење – со повисока моќ за вшмукување – и поефикасен систем чистење на филтерот. Сите машини користат сигурен ПЕТ кертриџ филтер за влажно и суво смукање. Овој долготраен филтер кој се пере има висока ефикасност (минимум 99,9%), а Притисни & Исчисти полуавтоматскиот систем за чистење заштедуваме време во текот на чистењето.
Дополнителни карактеристики:
- ПЕТ руно филтер кој се пере со минимум 99,9% филтрација
- Притисни & Исчисти систем за чистење на филтерот кој обезбедува континуирани високи перформанси
- MultiFit систем за додатоци за крајна флексибилност
- Практичен систем за складирање на кабелот
- Функција за издувен воздух
- Стабилен и ергономски дизајн за безбедно работење
- Опција за намотување на кабелот
- L класа модел со регулација на брзина
- Контејнер од нерѓосувачки челик
За повеќе информации погледнете го следното видео: